|
Информациско-комуникациски технологии за поефикасна работа на локалната самоуправа
Граѓаните се заинтересирани административните обврски да ги завршат по електронски пат, но прашање е колку е тоа можно во услови кога службениците во општините не се обучени за комуникација со граѓани по електронски пат. Секако, тоа не е единствен проблем затоа што во Македонија само 160.000 жители имаат некаков пристап до Интернет, но Интернетот не е единствен електронски пристап до локалните власти. Меѓутоа, повеќе од милион корисници на мобилни телефони и уште повеќе корисници на фиксната телефонија не се информирани дека и телефонијата е еден од начините за добивање услуги од локалните власти.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Панел: Децентрализацијата во Македонија : До каде сме?
Градоначалниците на Струга, Кичево, Гостивар, Чаир, Куманово и Карпош ги изнесоа негативните и позитивните аспекти на новиот процес во земјата. Одржувањето на панелот “Децентрализацијата во Македонија: До каде сме?, во рамките на Петтиот НВО саем, организиран од страна на ЦСИД “. Форум, се јавува како резултат на претходно започнатиот проект “Децентрализацијата во Македонија: Приближување на власта до народот, што Форум го реализира во пет општини: Струга , Кичево, Гостивар, Чаир и Куманово, со спроведување на осмислени активности за помош на локалните претставници на цивилното општество, за нивно зголемено учество во функционирањето на општините во рамките на новите закони за децентрализација и локална самоуправа. Проектот е финансиран со грант од Сојузна Република Германија, преку Федералното министерство за надворешни работи на СР Германија и се реализира од декември 2004 до февруари 2006 година.
|
|
Повеќе...
|
|
Очекувајќи го одговорот од Советот на Европската Унија - 5 дена пред
Шеќеринска е оптимист, но потенцираше дека каков и да биде одговорот на 15 декември, ние мора да продолжиме со имплементација на европските стандарди во нашето општество, а повеќе од јасно е дека импровизации повеќе не се толерираат
Ерван Фуере, специјален претставник на Европската Унија и шеф на делегацијата на Европската комисија во Македонија истакна дека тој има јасна порака за нас, а тоа е дека ние мора да го сфатиме значењето на реформите.
|
|
Повеќе...
|
|
Отворен петтиот Форум на граѓанско општество
Ерван Фуере: “Голем број на невладини организации и граѓански асоцијации во Македонија се најдобар доказ за демократичноста на македонското општество.Развиен цивилен сектор е индикатор за здраво општество”
“Центарот е таму каде што си ти”. Ова е мото на јубилејниот, петтиот форум на граѓанско општество,НВО Саем, кој денеска се отвори во Скопје,а на кој централна тема е децентрализацијата. Земја во фокус оваа година е Албанија. Македонскиот центар за меѓународна соработка е организатор на форумот на граѓанското општество, додека поддржувачи се Данска црковна помош и ОСЦЕ. Медиумски покровители се Утрински весник, Канал 5 ТВ и радио Канал 77.
|
|
Повеќе...
|
|
Тркалезна маса: Закон за спречување на судир на интереси Законот за спречување на судир на интереси се уште не е влезен во собраниска процедура, но работниот текст асоцијацијата Транспарентност - Македонија го достави до Министерството за правда.
“Повеќе од јасно е дека закон за спречување судир на интереси мора да постои како посебен закон. Овој закон заедно со законот за слободен пристап до информациите,кој пак, е во собраниска процедура, се значајни ставки во борба против корупцијата”, истакна Оливера Китановска од Транспарентност-Македонија.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
Страница 4 од 4 |