| Граѓанските организации стануваат дел од новата власт |
|
|
|
|
Граѓанското општество во Киргистан по револуцијата од 24 март 2005 Граѓанските организации на Киргистан учествувале во симнувањето од власт на поранешниот претседател Аскар Акаев. На третиот ден од одржувањето на НВО саемот, гостите од Киргистан, кои имаа и свој штанд во една од халите, преку одржаната 45 минутна презентација, ги запознаа присутните посетители со развојот на граѓанското општество во својата земја, фокусирајќи се на најновата историја по револуцијата од 24 март годинава, во кој што процес на смена на власта, активно учествувале и граѓанските организации.
“Граѓанските организации не учествуваа само во обезбедувањето на хуманитарана помош, туку и во политиката на сменување од власт на поранешниот претседател Аскар Акаев. Ги учевме луѓето како да се обраќаат до властите, како да вршат мониторинг на изборите, да откриваат одредени неправилности, да се борат за своите права. Со јакнењето на незадоволството од управувањето на Акаев, раснеше незадоволството кај луѓето кое постепено прерасна во револуцција” - рече Елена Воронина, презентирајќи и слајдови од одржаните протести во земјата.
Во активностите за симнување од власт на претседателот, според неа, граѓанските организации, не биле финансирани од меѓународни организации, туку од сопствени средства.
“Сега неколку месеци по револуцијата, живееме во слободна земја , но со многу проблеми, кои се остаток од претходниот режим”- нагласи Воронина, која очекува во иднина да настанат промени кои би воделе кон потребната демократизација за земјата. Потенцираше меѓудругото и дека граѓанските организации се вклучени во реформите на институциите што претходно работеле по диктат на еден човек, но дека граѓанското движење во Киргистан е силно.
“Постојат 6 000 регистрирани граѓански организации, а дел од нивните членови влегуваат во работниот состав на власта, стануваат консултанти на нови програми. Сегашниот претседател на земјата им подава рака на соработка на организациите”- рече Воронина.
На ова саемско случување, Киргистан го претставуваа членови на неколку организации кои со години нанзад работат со деца без родители, бездомници, со чии што активности посетителите можеа да се запознаат преку понудениот публикуван материјал, но и да купат дел од изложнеите предмети изработни од детските раце.
|