| На граѓаните им недостигаат информации за учество во одлучувањето |
|
|
Граѓаните во процесот на донесување одлуки Звонко Шаврески го критикуваше донесувањето на законот за граѓански иницијативи, сметајќи дека истиот скратува дел од претходно постоечките можности за граѓаните Организиран од страна на граѓанската организација МОСТ, панелот “Граѓаните во процесот на донесување на одлуки“, привлече големо внимание кај учесниците и публиката, иако, според изјавите на претседавачот Дарко Алексов, незадоволен од условите за неговото одржување,повеќе наликуваше на трибина.
Воведничарите Андреј Петров, Роберт Чатертон -Диксон, Звонко Шаврески и Каролина Ристова Астеруд, со своите излагања ја оформија актуелната слика за процесот на донесување на одлуки во земјава, во што придонесоа и дел од учесниците во публиката.
Роберт Чатертон -Диксон, амбасадор на Велика Британија во Македонија ја потенцираше клучната улога на граѓаните во процесот на децентрализацијата и демократизацијата на земјата, отценувајќи го воедно и досегашниот процес на спроведување на реформите во земјата како добар, со очекување од позитивно решавање на проблемите со законодавството. Според него, претстојните парламентарни избори ќе бидат мошне важни во самиот процес, поради што, посочи дека истите треба да се одржат со нула толеранција за досега, констатираните неправилности при одржувањето на избори.
“Повторување на злоупотребата на изборите може да биде катастрофално за Македонија“ - посочи Диксон, осврнувајќи се и на започнатиот процес на децентрализација како на голема отворена можност пред граѓаните во донесување на потребните одлуки во функционирањето на општеството. Тој отцени дека граЃаните во Македонија напредуваат во овој процес, барајќи се повеќе одговорност од своите лидери, но нивната активност треба да биде континуирана. “МОСТ“ и другите граѓански организации можат многу да помогнат во информирањето на граѓаните за нивната улога и можностите при донесувањето на одлуките, во поставување на барања до власта, со посветување на големо внимание на правата но и на одговорностите и на другите субјекти, како што се медиумите“ - рече Диксон..
Каролина Ристова - Астеруд, претседател на Комисијата за европски прашања при Републичкото собрание, говореше за отвореноста на парламентот кон граѓаните и граѓанските иницијативи, посочувајќи дека граѓаните во Македонија сеуште не ги знаат надлежностите на државната и локалната власт, поради што во своите обраќања многу често бараат одговори кај несоодветни инстанци на власта.
“Голем дел од прашањата упатени до мене како парламентарец се поврзани со локалната власт“ - рече Астеруд, која посочи и дека граѓаните често бараат парламентарците да влијаат на одлуките на судовите, но и во други области, што се коси со ингеренциите на парламентарците.Таа посочи дека на гра”аните им е потребна едукација за да знаат каде да се обраќаат, дека не постои доволна комуникација меѓу граѓаните и пратениците преку писма, но и дека граѓаните не ја користат доволно можноста да го кажат своето мислење за одредени прашања, што им е овозможено со закон.
Според Каролина Ристова - Астеруд комуникацијата на парламентарците со НВО е се подобра, но таа смета дека истата може да се подобри, доколку бидат надминати одредени деловнички недовршености во парламентот, со што парламентарците би добиле повеќе време за комуникација со граѓаните. Во оваа прилика, информираше и за предлогот за формирање на Национален форум за евроингерација, произлезен опд Комисјата за европски прашања.
Андреј Петров - претседател на ЗЕЛС и градоначалник на општината Карпош, говореше за зголеменото учество на граѓанското општество во процесот на децентрализацијата, за користа на граѓаните, за можностите од воспоставување на поблиска врска со локалната власт. Посочи на потребата од деполитизирање на образованието, од зајакнување на граѓанското општество преку училишните одбори, од внимателно користење на можноста граѓаните да влијаат на урбанистичките процеси во општините, Од досегашните новини, како успешни ги издвои оформувањето на едношалтерскиот ситем, како сервисен центар за граѓаните, отвореноста на Советите на општините за јавноста.
“Проектите кои ги работевме се плод на успешна соработка со НВО, истакна Петров, укажувајќи дека на граѓаните континуирано, преку засилена кампања е потребно да им се потенцира отворената можност на локалните власти за комуникацијата, која освен по пат на писма, телефон најдобро е да се остварува преку електронска пошта. Андреј Петров информираше дека за прв пат до сега, поголем дел од буџетските средства за општините ќе им бидат доделени на опозициопнерските градоначалници, што прествува добар чекор во демократските промени во државата.
Звонко Шаврески - претседател на Полио плус , најавен како претставник на организација која практично ја спроведува граѓанска иницијатива од локално ниво до Парламентот, со актуелното собирање на 10 000 потписи потребни за донесување на закон за хендикепираните лица, говореше за досегашната практична реализација на иницијативата.
“Иницијативата потекна минатата година, од страна на организации кои работат на полето на заштита на лица со хендикеп, а јас бев одбран да им ја предложам на парламентарците во Лоби групата во Парламентот, по што тие без проблем ја прифатија“ - рече Шаврески, информирајќи дека нацрт законот е во согласност со конвенцијата против дискриминацијата што се подготвува во ОН. Тој потсети дека ова е прва граѓанска иницијатива на национално ниво, која засега се одвива успешно, при што се собрани околу 6 000 потписи.
Шаврески го критикуваше донесувањето на законот за граѓански иницијативи, сметајќи дека истиот ги скратува можностите за поднесување на иницијативи, го ограничува времето кое претходно го имаа граѓаните за средба со пратениците.
“Ние ја искористивме законската можност за поднесување иницијатива во последен момент“ - рече тој и посочи на потребата од подигање на свеста кај населението, од широк консензус за надминување на проблемите на хендикепираните лица. Укажа на присутната инертност и дефетизам, илустрирајќи ги со нереализираната а понудена можност, на првиот ден од НВО саемот, дел од граѓаните, со организиран превоз да одат до неколку скопски општини и да го дадат својот потпис за законот.
Каролина Ристова-Асдтеруд, посочи дека Македонија има најлиберална уставна законска рамка, на што, Нелко Нелковски, обраќајќи се пред присутните, се надоврза дека наспроти тоа, постои најригорозниот закон за граѓанско учество. Нелковски запраша за позицијата на месните заедницо во процесот на децентрализацијата, на што Андреј Петров информираше дека тие функционираат како и до сега , но дека е во тек изготвување на правилник за месна управа. .
Претставникот на Советот на Европа Мишел Риволие, укажа дека децентрализацијата не е само механизам, туку во неа најголема улога имаат ме”усебната доверба на граѓаните и политичарите, доверба што треба постепено да се гради.
Славица Биљарска - МОСТ ја потенцираше потребата од дискусија за граѓанско донесување на одлуки, но и од акција , наведувајќИ го искуството со дел од проектите на нејзината организација за воспоставување на контакт , комуникација на граѓаните со претставниците на Парламентот.
“На почетокот парламентарците не беа заинтересирани, но сега дел од нив покажуваат потреба од комуникација со НВО, со експерти во донесувањето на одредени одлуки“, рече меѓудругото Биљарска, укажувајќи на фактите од постоење на игнорантски однос кај дел од пратениците по упатените барања за комуникација. Таа упати барање до Каролина Ристова Атеруд и Андреј Петров, за влијание во зголемувањето на комуникацијата на државно и локално ниво со граѓаните и граѓанските организации.
|