НВО Саем 4 Форум на граѓанското општество во Македонија Печати

 

Улогата на граѓанското општество во процесот на приближување кон Европската Унија

 

  • Приближувањето кон Европската Унија е приближување кон принципите на „европското владеење“: отвореност, партиципативност, демократски пристап, кохерентност, институционални форми на дијалог, Комитет на региони, Економско-социјален комитет.
  • Македонија, во процесот на приближување кон ЕУ треба да ги искористи сите расположливи ресурси, вклучувајќи ги и луѓето (кадрите) од граѓанскиот сектор.
  • Граѓанското општество, вклучувајќи ги и медиумите, треба да покажe визионерство и храброст во менување на свеста и однесувањето на јавноста во насока на приближување кон ЕУ.
  • Седум од осум прашања кои беа поставени се однесуваа на што може да направи Владата за европската интеграција и што може да направи Владата за граѓанските организации.

 

Членството на Словенија во Европската Унија како фактор за јакнење на граѓанските организации; Улогата на Секторот за европска интеграција во процесот на европската интеграција – осврт на тековното одговарање на прашалникот;

  • Вклучувањето на граѓанските организации во процесот на европските интеграции е заединички интерс, а не формално барање од страна на Европската Uнија (ЕУ).
  • Потребно е да се изгради доверба помеѓу Владата и граѓанските организации како рамноправни партнери.
  • Приоритетите на кои треба да се стави акцентот за стекнување статус на земја-кандидат за членка на ЕУ во 2006 се: Охридскиот договор/децентрализацијата, реформите во правосудството и полицијата и структурните реформи и макроекономската стабилност.
  • Процесот за влез во ЕУ е комплексен, долг и скап, затоа се потребни јаки институции кои ќе соработуваат со граѓаните.

 

Децентрализација – департизацијата како формула за успешна локална демократија

  • Децентрализацијата треба да води кон зголемена партиципативност. Во Македонија тоа е среднорочен приоритет и еден од битните критериуми за статус на земја-кандидат за ЕУ.
  • Партизацијата во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) е еден од клучните недостатоци што го попречува процесот на децентрализација и го блокира процесот на одлучување во ЕЛС.
  • Односите на ЕЛС и граѓанските организации се карактеризираат со недоверба: граѓанските организации истакнуваат нетранспарентност, непотизам и корумпираност на партиска основа на ЕЛС, а од друга страна – ЕЛС истакнува непрофесионализам и зголемен интерес за децентрализацијата поради зголемената алокација на финансиски средства кај граѓанските организации.

 

 

Намалување на невработеноста преку подобрување на пристапот до финансиски услуги

  • Во Република Македонија особено недостасуваат финансиски услуги за почетници на бизнис. 75 % од невработените се заинтересирани за мал бизнис, но истовремено истите имаат најмали шанси за добивање кредит.
  • Во Република Македонија постојат повеќе институции што обезбедуваат микрокредити, а дел од комерцијалните банки имаат и одделенија за микрокредитирање.
  • Потребна е институционална поддршка на приватниот сектор и поголема координација меѓу актерите за поддршка на развојот (Влада, развојни агенции, гарантни фондови).

 

 

Модели на изготвување национални стратегии

  • Во процес е креирање на Националната програма за развој на образованието и Стратегијата за развој на информатичко општество, додека Националната стратегија за млади е во завршна фаза.
  • Во сите три национални стратегии соработката со граѓанските организации и експертските тимови е клучна, а посебно во Националната стратегија за млади е обезбедена значајна вклученост на младинските организации.
  • Во процесот на креирање на националните стратегии се вклучуваат претставниците од политичките партии, со што се овозможува спроведувањето на овие долгорочни документи.

 

 

Високото образование, корупцијата и студентските права

 

  • Корумпираноста во високото образование ја „поттикнуваат“ некои студенти, на кои им е полесно да платат отколку да научат.
  • Студентскиот правобранител во две и пол години работа примил 160 пријави, од кои ниедна не се однесува на корупција.
  • Ниеден случај на корупција во високото образование не завршил со правосилна пресуда.

 

10 години граѓанско општество во Југоисточна Европа: Што успеавме да постигнеме, а што тргна на лошо?

  • Развојот на граѓанските организации во ЈИЕ, како и во другите посткомунистички држави, многу зависеше од надворешната помош од Западна Европа и од САД и е насочена кон граѓанските организации, кои дејствуваат во полето на демократијата. Засновани на таков концепт, значителен дел од граѓанските организации сe уште се антивладино расположени.
  • Граѓанските организации и Владата треба да одлучат за меѓусебните односи, врз основа на тоа какво општество сакаат да градат.
  • Најголем предизвик е корупцијата на довербата на луѓето во Владата.

 

Стратегии за одржливост на граѓанскиот сектор во Македонија – Дали граѓанскиот сектор може да биде одржлив без надворешно финансирање?

 

  • Само 4% од средствата доаѓаат од донации од индивидуалци, од бизнис-секторот исто така 4%, од централната или локалната власт 8%, од сопствени извори 10%, а 74% се финансираат од грантови.
  • Граѓанските организации не се залагаат во мобилизацијата на средствата на локално ниво и не се доволно промовирани во јавноста.
  • Потребни се амандмани во Законот за здруженија на граѓани и фондации (економските активности на граѓанските организации, статус на организации од јавен интерес, бенефиции на данокот за индивидуални и корпоративни донатори, волонтеризам).
  • Владата на Република Македонија во Генералниот секретаријат формира канцеларија за соработка на граѓанските организации.