| Дали децентрализацијата ќе придонесе за поголема локална демократија |
|
|
Какви се и ќе бидат можностите и капацитетите на НВО за соработка со локалната самоуправа
Почитувани, во мое лично име и во името на членовите на "Друштвото на родители за грижа за задраво поколение" од Велес упатувам благодарност до Организацискиот и Програмскиот одбор на НВО Форумот, за укажаната чест да бидам воведничар на панелот на тема: "Дали децентрализацијата ќе придонесе за поголема локална демократија" во делот "Какви се и ќе бидат можностите и капацитетите на НВО за соработка со локалната самоуправа".
Постојат многу невладини организации во Р. Македонија кои потекнуваат од различни локални средини, со различни мисии и со различен временски период на постоење и активно дејствување. Тоа повлекува со себе различни индивидуални искуства во реализацијата на планираните програмски цели и општата мисија на здруженијата, што верувам тука, заеднички ќе ги размениме, во рамките на предходно најавената тема.
На оваа тема ќе го презентирам искуството на нашето здружение, кое можеби ќе се совпадне со слични искуства на други невладини организации.
"Друштвото на родители за грижа за здраво поколение"- Велес во основа на својата мисија, грижа за здравјето на младото велешко поколение на физички и ментален план, нарушено од дејството на еколошки загадената животна средина, третира сериозен ЛОКАЛЕН проблем, веќе шеста година, од почетокот на неговото формирање. Поради сериозноста на проблематиката што ја застапуваме, а во која е инволвирана и Централната власт, во почетните активности како здружение наидувавме на големи бариери од страна на соодветните локални институции, кои едноставно без дозвола на Централната власт ни ги затвараа вратите за било какви информации од областа на загадувањето, нарушеното здравје кај граѓаните, пред се децата, а уште помалку за конкретни активности за помош на загрозената група на деца.
Со силата на реалните детски судбини, медиумите и новиот состав на локалната власт наидовме на разбирање, а со тоа отпочна откривањето на вистината за тивкото умирање на природата и жителите на град Велес. Поткрепени со низа факти, кои долги години лежеле во фиоките на реномирани доктори на науки, истакнати работници од областа на технологијата, екологијата и други соодветни научни дисциплини се вршеше притисок врз владините институции да превземат превенвтивни мерки и конкретни активности за санирање и подобрување на животната средина во Велес. Истовремено, ефектите од нашата континуирана работа и лобирање во македнонската јавност, придонесоа за јакнење на капацитетот на самата НВО, развивање на еколошката свест и кај најмладите, како и развивање на соработката со повеќе невладини организации ширум Македонија, фондации и инстутции за поддршка и развој на невладините организации и повеќе странски амбасади во Р. Македонија.
"Дали децентрализацијата ќе придонесе за поголема локална демократија во делот на соработката со Локалната самоуправа"? Нашето искуство вели - ДА, бидејќи за општина Велес демократските процеси во Локалната самоуправа се забележуваат во последните 3 години со актуелната структура на Локалната власт, а особено преку функција и личноста на градоначалникот - г. Аце Коцевски. Конкретно, демократијата на релација НВО - Локална самоуправа се реализираше преку следните облици на соработка:
Иако станува збор за почетни чекори во развивање на локалната демократија во делот на соработка и користење на капацитетите на НВО во реализација на заеднички цели, сепак мора да се истакне дека во општина Велес е создадена цврста подлога за понатамошно градење и развивање на демократските процеси со децентрализација на власта. Со зголемување на ингеренциите на локалната самоуправа, како невладини здруженија на граѓани очекуваме:
Се надевам дека нашето здружение даде и ќе дава допринос во областа на работењето на невладиниот сектор, кој не може да се замисли без меѓусебна соработка со другите невладини организации, Локалната самоуправа, Владините институции, Републичките и Меѓународни фондации и институции за подршка и развој на невладините организации.
|